contact@gotvimesofico.mk

05
мар

Тесто за домашна свежа Паста

Ме фати ќеиф да скоцкам домашна паста. Којзнае од кога немам правено. Редно време е да се потсетам на некои класици, па во периодов што следи ќе ви откријам класични рецепти без кои ниту една кујна не може. Прво нешто што ми дојде на памет е домашна паста по италијански рецепт.FIC_0018Во сад за месење ќе ставите три јајца и една жолчка, ќе ги изматите и додадете им половина лажичка квалитетна сол.

Откако ќе ги изматите за да добиете една смеса додадете им четири лажици млеко и повторно матете да се соединат.

Во смесата додадете две шолји брашно тип 400 (идеално би било да имате тип00, ама кај нас тешко се наоѓа). Измесете еднакво тесто.pasta-dough-gotvimesoficoiphone02За да можете да правите форми (на пример таљатели) ви е потребна машинка која верувам дека веќе сите по дома ја имате. Стварно е ефтина и се наоѓа сегде, дури сум ја сретнал и по пазариве низ градов.linguine01-gotvimesoficoiphoneЕве ви рецепт како да направите домашна паста од која би произлегле вистински деликатесни ручеци и вечери! 😉 FIC_0003

Остави коментар