contact@gotvimesofico.mk

21
апр

Телешка Супа

Како залади времево прво што ми текна е топла телешка супа (чорба)! :) 

Многу е лесно само ви требаат правите продукти.

Најдобро месо за телешка чорба ви е телешка коленица исечена на пила. Значи кога ќе одите во месара ќе му кажете на месарот да ви ја исече колечицата во пресек по ширина (налик “Осо Буко”). Нема боље парче месо со коска за чорба… 😉

Во тенџере пропржувате 1 корен од целер (исечен на крупни парчиња), 2 поголеми моркови (исто така раскомадани на 4 дела), 1 корен пашканат, 1 глава кромид поголема (исечена на 4 дела) и на крај цела глава лук исечена по ширина.

Се заедно го поминувате во тенџере со маслиново масло и му го додавате месото. Месото го пропржувате чисто колку да се затворат порите. Потоа додавате 2л вода и го оставате да проврие, потоа намалувате на средна температура (ако ви оди шпоретот до 9, вие го местите на 6) и го оставате да се вари од 2 до 3 часа. Потоа штимате на сол и бибер и додавате малку вода ако е потребно. Зеленчукот го вадите со француска лажица, го пасирате и повторно го враќате во супата. Месото исто така го вадите го двоите на конци и го враќате повторно во супата, а од коската ја вадите само коскената срж – коскената срж е вкусот во супата! Фантастичен детал е! 😉

Сега е моментот ако сакате да додадете сецкан магдонос (јас не додадов зошто немав во моментот).FIC_0028aПослужувате со тазе лепче и мешавина од сецкан лук, маслиново и оцетче. Наздравје чорбичката! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар