contact@gotvimesofico.mk

14
ное

Сорбе од Праски

Состојки:

  • 10 ливчиња босилек
  • 1 шолја (200гр) шеќер
  • ¾ шолја (180мл) вода
  • 700гр праски
  • 1 лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Во мало длабоко тавче ставете го шеќерот, водата и сецканиот босилек. Варете додека не се растопи шеќерот и не заличи на шербет.
  2. Праските ставете ги во вода што врие и варете ги околу 2 минути, потоа веднаш спуштете ги во ладна вода (на тој начин ќе се одвои лушпата од месестиот дел и многу лесно ќе ги излупите), излупете ги праските и исецкајте ги на ситни парчиња. Ставете ги во блендер, додадете го сокот од лимон и блендајте ги додека не добиете хомогена смеса.
  3. Соединете ги двете смеси, додадете прстохват сол, промешајте, сипете ја смесата во длабоко правоаголно тавче и ставете во замрзнувач да стои околу 2-3 часа. Потоа изгребете со вилушка и повторно вратете во замрзнувач.
  4. Препорака е да сервирате со малини или капини, на тој начин се балансира вкусот на десертот.

Бон апетит!

Остави коментар