contact@gotvimesofico.mk

16
мар

Совршен Хумус

Којзнае од кога немам праено Хумус… денес е денот! :) Се работи за многу лесен рецепт, се што ти треба е блендер! Нема да ве замарам да го киснете наутот 24 саати, ќе работам со веќе спремен наут – фала богу веќе го има во многу варијанти! Најдов органски наут во теглички од по 350гр (нето тежина)! Малку бев скептик како ќе излезе, ама излезе топ производ! 😉

Засукајте ракавите и идеме вака:

Ќе го исцедите наутот од водата (водата можете да ја сочувате ако сакате да направите посен чоколаден мус – деновиве ќе ви постирам рецепт), ќе го ставите во блендер, ќе додадете 1 чешне лук (добро би било да биде изгмечено во преса за лук), после иде 2 лажици лимонов сок, додавате 7 лажици ладно цедено маслиново масло и голем прстохват сол на крај улетува 1 лажица сусамов таан. Се заедно блендате и сега го штимате на густина и вкус, ако некој сака посолено нека го посоли повеќе, ако сакате да биде потечно додадете лажица/две повеќе маслиново масло итн.FIC_0039На крај го сервирам со гранчиња магдонос или свеж коријандер (ако најдете) и малку маслиново! Се што ви треба е тазе лебче и пуштајте филмот! :)FIC_0045Поздрав! 😉

 

Остави коментар