contact@gotvimesofico.mk

22
мар

Совршен Брауни Колач

Ми текна да ви раскажам рецепт за Брауни ама не онаков со многу путер и чоколадо. Ок и тој е добар, одличен е! Ама и овој е коректен и многу полесен од класичниот и најбитно е што лесно се прави, а ја има онаа влажност што е пресудна за добар Брауни колач! 😉 Работава излезе “Минхен, Минхен, ама и Конопиште”! :) :) :) Шала на страна се работи за многу добар рецепт и оди вака:FIC_0068Ја загреваш рерната на 175 степени. Во сад за матење спојуваш 1 шолја шеќер со ½ шолја сончогледово масло. Додаваш 2 јајца и 1 лажичка екстракт од ванила. Матиш (со миксер) додека не добиеш еднаква смеса. Во друга здела мешаш 1/3 од шолја какао, ½ лажичка прашок за пециво, ½ лажичка сол и ½ шолја брашно (тип400) – сувиве состојки ги мешаш со жица за да добиеш една смеса. Потоа сувите состојки ги додаваш во смесата од шеќер, масло и јајца и матиш да се соединат.FIC_0056Ставаш во помало тавче (димензија околу 30×20 сантиметри, ако ти е поголемо тавчето дуплирај ја смесата), претходно намачкано со путер.FIC_0051Печеш точно 20 минути.FIC_0065И ете… добиваш врвен чоко колач! 😉FIC_0080

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар