contact@gotvimesofico.mk

19
ное

Сендвич со топло димен лосос

Се шетам низ маркет и си скенирам по рафтови, коа не ми се верува каков производ најдов! Топло димен лосос, многу ми се допаѓа вкусот на димена риба, поготово на овој тип на лосос! Можеби го има оддамна ама јас сега го најдов и решив да склопам сендвич на столетието! 😉losos1Па така и најавив на Ивана да се спрема за сендвич каков што не пробала! И идеме овака! 

2 баварски кифли/лепчиња ги отварам по должина.

Веднаш на едниот дел мачкам тенок слој квалитетен мајонез, а на другата половина неутрално крем сирење. Врз мајонезот мачкам црвена икра од лосос (се наоѓа по сите големи маркети), оваа состојка му дава префинет вкус на целиов склоп, фантастичен зачин на секој рибен сендвич. На другата половина редам ливчиња млад спанаќ, па врз икрата додавам ситно сецкано младо кромидче (едно стракче). Врз спанаќот ставам тенки ленти авокадо (1/2 авокадо во двата сендвичи), авокадото е одличен партнер на лососот! И на крај врз авокадото редам парчиња од димениот лосос (вкупно 200гр за двата сендвичи)! losos3Овој тип на сендвич не би го сместил во категорија на сендвичи, туку во категорија на деликатесни сендвичи! :) Сепак се работи за сериозен оброк, многу добро избалансиран и многу корисен за јадење! За ваквите сендвичи јас често велам: “Подобро е да го изедеш, отколку да не го изедеш” :)

Падна договор дека утре сабајле, пак ќе го повториме овој сендвич! :) Обично добрите рецепти ги повторувам по сто пати! 😉 

На здравје! 😉fic_0470

Остави коментар