contact@gotvimesofico.mk

01
мај

Свинско филе со Полента и Рокфорд

Ја следам работата на скоро сите врвни ресторани и приметувам дека сите во својата понуда ја имаат полентата како дел од предјадење или главно јадење.

Па си размислувам… Полента е дел од македонската трпеза веќе неколку стотици години, е сеа, уште ако ја претвориме во малку покреативен оброк би можело да биде прав деликатес!

Постојат милион варијанти, во Во Италија ја пробав со вргањ, пармезан и шери домати, во Франција ја пробав со полжави, путер и магдонос, во Македонија најчесто можете да ја пробате со овчо бело сирење – интересен е фактот што овој тип на бело овчо сирење можете да го пробате само на Балканот.

Ај сеа да се вратиме на овој рецепт!

Потребни состојки:

  • 2 парчиња свинско филе
  • 200гр Полента
  • 30гр путер
  • 20мл соја сос
  • 100гр Рокфорд сирење
  • ½ лажичка дижон сенф
  • ½ лажичка сушена мајчина душица
  • Сол и Бибер

Од причина што денес е Велигден и 1-ви Мај, решив на ова јадење да му додадам и една салата Мимоза! Сите знаете како се прави Мимоза! Хахахаха! Среќни празници!FIC_0130Исечете го свинското филе на медаљони, ставете ги во длабока чинија полијте ги со соја сосот, и истрлајте ги со сенфот. Овој тип на маринада е многу повкусен моментално отколку да го оставите да стои, меѓутоа само доколку користите сенф дижон, не дека ако отстои е нешто погрешно или невкусно, меѓутоа, многу подобро е доколку месото го спремите веднаш.FIC_0134На рингла ставете да се загрее тава (на средна температура) со нелеплива внатрешност, продинстајте го месото вртејќи го цело време, не оставајте го да почне да се пржи за да не се исуши.

Откако ќе го зготвите месото во мало тенџерче ставете да зоврие 800мл вода, додадете го путерот, 1 лажичка сол и промешајте со жица, потоа додадете ја полентата и мешајте брзо со жица за да не се направат грутки.

Додека е врела полентата, дополнете ја со Рокфорд сирењето. Да не ги мешате брзините, Рокфорд и Горгонзола се сирења од семејството на плави сирења, меѓутоа по вкус и потекло се различни, тоест Рокфорд е француско овчо сирење, а Горгонзола е Италијанско кравјо сирење.FIC_0144Сервирајте на во чинија со тоа што полентата ја ставате како подлога, одозгора скалесто ги редите медаљоните од свинско филе, а во средината ставате искршени парчиња Рокфорд сирење, на крај попрскувате со квалитетно ладно цедено маслиново масло. Јас плус си додадов едно стракче власец, вие не морате, можете комотно да расфрлате сецкан магдонос – перфектно оди со ова јадење.

Јас ова јадење го направив за моето семејство и колку што забележав немаше забелешки и немаше остатоци! Додека спремав бев следен од будното око од мојот син Максим кој веќе наполни 10 дена! Хахахахаха, ќе го биде малиот готвач, или пилот, или доктор, или директор (морав да ги набројам останативе професии за да ги задоволам желбите на бабите! Хахахахахаха)!

Направете го јадењево и кажете ми како ќе помине на вашата трпеза. Се читаме за кратко, поздрав!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

4 Коментари

  1. Ице Настески

    Кога и го прочитав рецептов на мојата сопруга прво што рече:
    – Кај беше вчера Фичо да го даде овој рецепт.
    А второ беше:
    – Утре ова сакам да го јадиме за ручек!!!!!
    ха ха ха немам зборови за Вас и Вашето готвење најдобри сте и секогаш ги следиме Вашите рецепти со мојот син и секогаш приготвиваме еден од нив. Поздрав и продолжете вака……. :)

  2. Анета

    Рецептов е одличен, веќе неколку пати го пробавме :). Го сакаат и децата и возрасните. Никогаш немаше са ми текне на ваква комбинација, одлично освежување!

    1. Да, да, комбинацијата е одлична! Полентата може да биде добра комбинација во многу рецепти. Моментално тестирам морска храна со полента и се зачудив колку добро оди… 😉

Остави коментар