contact@gotvimesofico.mk

04
авг

Свинско месо со зеленчук

Долго време помина без да зготвам некое мевце, по тој повод решив во овој пат да скоцкам свински врат со зеленчук и зачини.FIC_0091Ќе одите до месара и ќе го замолите месарот да ви исече 800гр коцкички од свински врат. По пат накај дома купете тиквица, модар патлиџан, кромид, лук и морков.

Морковот (еден голем или два помали) изрендајте го, кромидот исецкајте го ситно (исто и 2 чешниња лук), тиквицата и модриот патлиџан исецкајте го на лентички.FIC_0082Ставете тавче на рингла да се загрее, спуштете 20гр путер да се растопи и додадете околу 3 лажици сончогледово масло. Потоа ставете го кромидот, лукот и морковот да се пропржат, откако ќе добијат портокалова нијанса додадете ги тиквичките и модриот патлиџан и промешајте, по 10 минути додадете ги коцкичките месо и повторно промешајте.

Месото мешајте го на секои 3-4 минути (вкупно да се готви 20 минути минимум). –Доколку ви испарува течноста додадете неколку лажици вода.

Посолете и додадете прстохват шафран (околу 0,125гр). Исецкајте кругови од 6-7 кисели крставички (добри се за структура и за кранчи момент во овој рецепт). Пред крајот додадете 1 лажичка лут буковец (опционално).

Често свинскиот врат го сакам спремен во целосни парчиња, меѓутоа одлично оди и во ваков рецепт. На крај украсив со тенки листови краставица, го освежува и надополнува јадењето.FIC_0122Поздрав! Се читаме за кратко! 😉

Остави коментар