Свински Ролат
Во овој период од годината се јаде многу месо, па кога е веќе така зошто да не биде креативно?! Свински ролат е можеби една од подобрите комбинации на месо што можете да ја изролате. 😉Ќе набавите свински пафлак со се половина од делот каде што се ребрата (коските претходно извадени), ќе го посолите добро со морска сол и ќе го наредите со тенки ливчиња исецкани од свежи чешниња лук.
Потоа ќе измешате спанаќ (1кг чист продукт) и урда (300гр) и ќе ја распредилите по целата должина на месото. Ќе набавите околу 400гр пилешки стек, ќе го исецкате на тенки ленти по должина и ќе ги наредите по должина на целиот пафлак.
Потоа полека ќе го изролате целото парче месо со тоа што ќе внимавате да биде рамномерно израмнето од почеток до крај, ќе го врзете со коноп и ќе го ставите во рерна да се пече околу 4 часа на 180 степени.
Е сеа сте спремни да го послужите едно од најдобрите свински печења! 😉
Во Италија постои рецепт сличен на овој, се прави од свинско (прасетина) месо со кожа и се нарекува “Порќета”.