contact@gotvimesofico.mk

29
ное

Сармички од праз

Коа ќе се спомне сарма, некако сите звуци ги игнорирам и слушам само, сармаааа! :) Топ зимско јадење! Иако морам да признаам дека како мал сум ја терал мајка ми и во лето да ми праи! Кога се работи за сарма мора темата да се предаде многу студиозно! Сепак се работи за јадење кое долго вирее на овие простори! 😉

Значи сарма ја имаш во неколку видови и подвидови. Постои сарма од зелка/купус, постои сарма од лозов лист, постои сарма од _________________(одговорете вие)! 😉

И постои подкатегорија на сарми каде што се прават сарми кои се подвидови, односно се работи за рецепти со техника на сарма али крајниот резултат е различен и најчесто добар како и оргиналот!

Епа денешниот рецепт е таков подкатегорија на сарма тоест се работи за сармички од праз!

*Да се надополнам постојат сарми и сармички! Сарма може да биде и бабачко (од зелка), а може да биде и “лапни голтни” (лозов лист)! Овие сармички од праз се во подкатегорија на “лапни-голтни” :)fic_0228 *Шала на страна, остајте што се зезам малку, овој рецепт е за малку поискусни нинџи во кујна, не е баш лесен за правење. Баш затоа сум заинтересиран како ќе ви излезе на оние што ќе пробате да го направите (вие најхрабрите кујнски нинџи)! :)

Одиме овака!

Неколку страка праз (најдебели што ќе најдете) ќе ги исечете на прачки долги околу 10/12 сантиметри, ќе ги отворите како листови и ќе ги спуштите да се разварат во вода што врие (околу 3 минути). Откако ќе ги омекнете ставете ги на страна да се одморат.fic_0161Во меѓувреме 500гр мелено говедско месо ставете го во тавче заедно со рендани 2 моркови, 1 чешне лук (ситно исецкано), 1 мал кромид (изблендиран) и мал филџан ориз (околу 90гр), пропржете ги заедно додека месото не се сепарира. Потоа смесата ставете ај на страна да се подолади за да можете да работите. Секој лист од праз завиткајте го во вид на триаголник и наредете ги едно до друго во правоаголно тавче за печење. Додадете им вода (околу 150мл за цела количина) и ставете ги да се печат во загреана рена на 200 степени околу 45 минути (зависи како ви пече рерната, доколку е потребно ставете капак врз сармичките, или алуфолија). Откако ќе изминат овие 45 минути извадете ја фолијата или капакот и печете додека не се направи фина потпечена нијанса (ова е по ваша желба).fic_0166За да не ви се распаѓаат при сервирање погрижете се кога ги виткате убаво да ги стегнете (пасент).

Со овој рецепт ќе покажете дека сте сериозни играчи! 😉 Се читаме за кратко! Поздрав! 😉fic_0221

 

 

 

Остави коментар