contact@gotvimesofico.mk

14
окт

Рижото со Анасон и Азијаго сирење

Интересна фузија на вкусови која дава фантастичен краен резултат! Азијаго е кравјо сирење кое се наоѓа во две варијанти, зреено и обично, зрееното има доста поинтензивен вкус и поронлива структура и затоа го одбрав да го користам во овој рецепт. Вообичаено рижото готвам со Пармезан, меѓутоа овој пат ќе се впуштам во експеримент… А анасонот? Анасонот е одлична нота која на целиот овој аранжман му дава свежина и посебно доживување! 😉 Уф ова звучеше ко да продавам летен аранжман! Хихихихи! :)

Шала на страна, идеме овака! 😉

Во скилет тавче ставате да се растопи 40гр путер со малку маслиново и му додавате ½ ситно сецкан црвен кромид (мала главица), 2 чешниња лукче (ситно сецкани) и 70гр ситно сецкан анасон.fic_0100fic_0105Откако ќе добијат глазиран изглед додавате 90гр карнароли ориз и заедно ги пропржувате (околу 4 минути), потоа додавате 50мл бело вино (јас користев Темјаника, заради цветната арома) и мешате додека не испари алкохолот. На страна имате спремно 400мл говедски бујон (внимавајте посолен е од зеленчуковиот) – го додавате на три пати мешајќи во континуитет. Отакко ќе добиете структура на сутлијаш, додавате 35гр рендан зреен Азијаго и мешате да се спои (препорачувам да го тргнете од рингла за да не зигори сирењето).

Сервирајте веднаш додека е топло. Јас декорирав со тревки од анасон.fic_0114Направете го ова јадење и тагнете ме да видам како ви излегло! 😉 Поздрав!

Остави коментар