contact@gotvimesofico.mk

25
мај

Домашен Ржан Леб

Да ви кажам ми се пријаде домашен месен леб. Во шпајз имам ржано брашно, па станав, засукав ракавите и се фатив за работа.

Потребни состојки:

200гр брашно тип400

110гр ржано брашно

1 лажичка темна хималајска сол (да не ве чуди, ако е квалитетна треба да има мирис на варено јајце)

1 лажичка кафеав шеќер

¼ лажичка пециво

7гр сув квасец

40мл сончогледово масло

Во голем сад за месење измешајте ги сувите состојки со дрвена лажица. Не знам како сте навикнати да работите, јас секогаш кога работам со тесто, работам со дрвена лажица.FIC_0002Во шолја за чај сипете 150мл млака вода (не топла, зошто ќе го убиете квасецот), додадете го кафеавиот шеќер, малку брашно (на врвот од лажичката) и добро измешајте за да се раствори шеќерот, потоа додадете го кесичето квасец и оставете го да се развие едно 10мин.FIC_0015Додадете го квасецот (кој што веќе почнал да ферментира) во сувите состојки, додадете го и зејтинот и замесете мазно тесто. Оставете го да стаса 30 минути на собна температура, покриено со пластична фолија.FIC_0018Потоа формирајте ја векната како што сакате и оставете ја да стаса уште 30 минути (под истите услови како и првиот пат). Доколку правите резови со нож, направете ги откако ќе поминат 30 минути и оставете да стасува уште 10 минути.FIC_0021Пред печење премачкувам со сончогледово масло одозгора и го ставам да се пече во загреана рерна на 200 степени, 30 минути, па потоа ќе уклучите вентилатор уште 2 минути, за да добие боја. Битно правило за секое печиво, откако ќе се испече морате да го оставите малку да се подолади, ако го исечете веднаш додека е врело ќе се затести и ќе се упропасти продуктот!FIC_0025Јас кришките ги намачкав со путер и тепана сол и се налапав и си легнав, па станав сабајле порано за да ви го пуштам рецептов. :) Обично ме фаќа вака повремено мерак за домашно печиво и го правам со љубов, да знаете дека ако сте нервозни или ве фаќа мрза, не фаќајте тесто, нема да ви успее (џабе рецептот)! FIC_0029Се читаме наскоро! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар