contact@gotvimesofico.mk

25
јун

Ребра за Мезе

Идам во месара и гледам штангла ребра како ме викаат накај нив… :) Му викам на месарот, бате вади ребра, отвори ми ги за на скара (а нема да ги печам на скара) и исечи ги на три еднакви парчиња зошо ми се за мезе! Малку се зачуди, ама ми ја исполни желбата! Се мислеше, се мислеше и ме праша, абе зошто ги бараш на три, едно ребренце е таман за еден човек. Морав да му ја разоткријам мојата мисија, му викам, ми требаат малечки парчиња за да можам да ги послужам како грицки, а плус боље ќе ми се испечат! Се насмеаа и ми ги спакува!FIC_0716Си одам накај дома и по пат си размислувам што да им праам на ребренцава! Ми текна!

Во тавчето во кое ќе ги печам ја правам и маринадата и после 1 саат директно ќе ги префрлам во рерна! 😉 (Во тавчето прво ставам хартија за печење за да можам полесно да го измијам)

Доаѓам дома ги и ги ставам во кратка маринада (1 час), им ставам околу 40мл темен соја сос, 1 лажичка шеќер (сегде рамномерно), 50мл балсамико оцет, прстохват бибер и малку оригано. Сол не ставам зошто соја сосот ми е доволно солен.FIC_0726Другарка ми Бибе ми испрати домашен зеленчук еден куп и решив да искористам кромид од тој зеленчук, една главица црвен, една главица бел кромид – ги сечам на четвртини и ги редам околу месото (намацајте ги од маринадата, за да не се лутат!) :)FIC_0721Откако ќе отстојат во мариндата ги ставате во рерна на 200 степени, околу 40мин, потоа ја намалувате на 150 степени и печете уште 30 минути.

Само што го добивте најдоброто мезе на светот! Диетално :)

Ова мезе е наменето за сите спортски манифестации кои се следат пред малите екрани, дополнете го со чаша грч ладна Кока Кола, облечете го дресот на вашиот фаворит и уживајте! 😉

Се читаме за кратко, поздрав! 😉FIC_0739

Остави коментар