contact@gotvimesofico.mk

07
мар

Пуслици со какао

Изминативе два-три дена експериментирам со пуслици! Морам да признаам дека дојдов до многу добри рецепти кои ќе ви ги откривам во наредниов период. Денешниов рецепт е за пуслици со какао. Поентата во овие пуслици е да не претерате со какаото, туку само да дадат малку нота на какао, а сепак да останат пуслици со оригиналниот вкус. Јас ги сакам пуслиците кога не се совршени на изглед иако лесно можете да им дадете изглед каков што ќе посакате, потребен ви е само слаткарски шприц! 😉FIC_0025Значи рецептов е следен: во сад за матење ставате 2 белки и матите постепено додавајќи 8 лажици шеќер и плус 2 лажици шеќер во прав. Можете во шеќерот во прав да го измешате и какаото. Какао додавате 1 мала лажичка. Матите додека не добиете цврст беланец. За да добијам рустичен изглед ќе работам само со лажица. Тоест на хартија за печење ќе ставам со голема лажица од густата смеса од белки. FIC_0018Рерната ќе ја загреете на 150 степени. Меѓутоа откако ќе ги ставите пуслиците да се печат, тоест да се сушат ќе ја намалите на 100 степени и ќе ги сушите без вентилатор. Тука е многу битно да ја познавате рерната како пече. Во мојата рерна беа потребни околу 2 часа. Меѓутоа во рерната на работа ги печев малку повеќе, бидејќи се работи за конвекциска печка која пече различно од домашна рерна. Со среќа! :) Во спортов со слатки најтешки се првите 15 години! :) :) :)

Остави коментар