contact@gotvimesofico.mk

26
сеп

Проја со карфиол

Проичка е закон за да згреете стомак (после чорба :) )! :)

Во сад за месење измешајте, 200гр пченкарно брашно, 300гр тип400 брашно, 1 пакетче прашок за пециво, 400-500мл јогурт, 2 јајца и 1 филџан зејтин.fic_0889Претходно ќе намачкате еден плех за печење со путер и ќе го наредите со крошни карфиол (околу 500гр).fic_0871Потоа ќе го прелеете со смесата за проја и ќе го наросите со околу 200гр овчо сирење.fic_0923fic_0930Печете во загреана рерна на 200 степени, половина час.

Оваа проја покрај тоа што е многу вкусна е и многу здрава. Карфиолот е одличен зеленчук за старт на денот.

Бон апетит! 😉fic_0993

2 Коментари

  1. Cece

    Дали има јајца во рецептов? На сликата ги забележав, откако ја направив. Има премногу брашно, а малку течност. Додадов уште јогурт и ставив зејтин, бидејќи ни масло нема никакво. Сега се пече, па ќе видиме.

Остави коментар