contact@gotvimesofico.mk

12
јул

Потпечени Тортиљони

Кога се работи за потпекување паста, тортиљоните се одлична форма! Заради спиралната форма задржуваат повеќе мастраф, па така се многу повкусни! Исто така добри за печење ви се и “Пене Ригате” (јас ги обожавам со болоњезе сос)!

*Да не се збуните секоја фабрика во Италија го задржува правото да го надгради или да го смени името на паста која е нивни дизајн и производство, па така под името “Тортиљони” се среќаваат два типа на паста и тоа спирална форма и цевкаста форма со риги. Истите овие форми од различни брендови се наоѓаат под различни имиња. Оваа паста која што ја користам во овој рецепт ја набавив под името “Тортиљони”FIC_0094Да не должам, рецептот оди вака:

300гр Тортиљони ги варите точно 6 минути (треба да бидат потврдо варени). Додека се варат, ситно сецкате 1 глава кромид (со средна големина), плехот во кој што ќе печете намачкајте го со маслиново масло и расфрлајте го кромидот, рерната загрејте ја на 200 степени и ставете го плехот со кромидот малку да се потпече, меѓутоа бидете внимателни, многу лесно може да изгори (се работи за печење со траење од 2 минути, само да се омекне лутиот вкус на кромидот и да се ослободи вкусот).FIC_0068Откако ќе се развари пастата, исцедете ја (не ја плакнете со вода) и измешајте ја со 200гр овчо сирење (мешањето направете го во плехот со потпечениот кромид за да се измеша и кромидот – така ќе добиете подобар вкус). Зачинувам само со малку мајчина душица и малку бибер.FIC_0089Ставете ги да се печат на 200 степени со вентилатор (или 220 степени без вентилатор), околу 4 минути. Додека се пече пастата, изматете 4 јајца (со средна големина), зачинете ги со мал прстохват сол и додадете 1 лажица вода.

Извадете го плехот, сипете ги рамномерно сегде јајцата и вратете да се пече уште 3 минути.FIC_0106Одличен, лесен и брз рецепт! 😉

Остави коментар