contact@gotvimesofico.mk

14
јун

Потпечени солени палачинки

Палачинки ко палачинки… овој рецепт можете да го искористите и со палачинките што ви останале од вчера иако мене ретко ми останува читава палачинка од вчера! :)

Рецептов ви е одличен за појадок и за вечера, се работи за лесна храна, а многу вкусна.

Прво, тесто за палачинки (во случај некој да не знае):

Ќе растопите 30гр путер. Во сад за матење ќе измешате 2 шолји брашно, 1 јајце, 50мл газирана вода, 240мл млеко ½ лажичка сол и 1 рамна лажичка шеќер, сепак се работи за солени палачинки, па така слободно можете да појачате сол.

Ќе испечете подебели палачинки од регулар. По моево тавче (30цм) мене за една порција ми е доволна една палачинка, ако ви е помало тавчето во дијаметар слободно зголемете ја порцијата.

Јас имам сет керамички тавчиња во кои што може да се пече и во истите да се сервира (веќе ги има сегде да се купат и се со нормална цена).

Како подлога во тавчето ставам павлака за готвење измешана со лукче (лукот слободно можете да го скокнете ако не сакате сите да знаат што се доручкувале) :)

Палачинката ја филувате по вкус, јас направив со шунка и кашкавал и со спанаќ и сирење. Кај мене победник е секогаш спанаќ и сирење, без конкуренција.

Ја сечете на половина и ја ставате врз павлака за готвење. Одозгора рендам малку ајдамер (ама само малку, околу 30-50гр)

Ставате во рерна на 220 степени (загреана рерна + уклучен вентилатор), печете додека палачинката не фати коричка. Значи нема тајминг се е до рерната, зависи како ви пече, мора да внимавате.

Сервирате директива со се тавчето! Епа боље појадок “нема ни код бабе”! :) :) :)

FIC_0504FIC_0508Оваа е со шунка и кашкавал.

Остави коментар