contact@gotvimesofico.mk

23
мар

Пита од паста

Еве ви одлична идеја како од паста да направите пита која изгледа фантастично и е уште повкусна!

 

Потребни Состојки:

300гр Лингвини

500гр Јунешко мелено месо

3 чешниња лук

50гр кечап

30гр Ворчестер сос

3 јајца

150гр броколи

½ чили пиперка

FIC_0364Ставете тенџере со вода на рингла да зоврие (само со сол). Спуштете ги лингвините и сварете ги “Ал Денте”. Ситно исецкајте го зеленчукот и ставете го во тавче на рингла (на маслиново масло) пропржете го зеленчукот (прво зеленчукот) со месото. Додадете ги лингвините и динстајте се заедно околу 10 минути.

FIC_0367Верувам дека секој од вас по дома има по некаков калап за тарт. Немора да е толку плиток, може и подлабок. Намачкајте го со маслиново масло (или путер) и наполнете го со смесата од паста, месо и зеленчук.

Откако ќе го наполните калапот израмнете го со дрвена лажица и глејте сегде рамномерно да ја распоредите пастата.

FIC_0369Загрејте ја рерната на 230 степени (со вентилатор). Ставете ја пастата да се пече и веднаш намалете ја рерната на 200 степени. Печете околу 8 минути, потоа извадете го калапот и со лажица сегде рамномерно прелејте со претходно изматените јајца. Вратете во рерна и печете уште 5 минути.

FIC_0382финал3

Порција паста за едно лице е 125гр. Еве ви начин како од количина за две лица (мање-више), да направите ручек за четворица!

Нема да ви се верува колку е вкусно… направете го овој феноменален рецепт и ве чекам да ми покажете фотки како ви излегло!

Bon Appétit

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар