contact@gotvimesofico.mk

14
јун

Пиперки во темпура

Денес ви претставувам совршени грицки за фудбал! Може не ви се верува, меѓутоа станува збор за одлична закуска! Пробајте ја! 😉

Оваа темпура е малку по различна од остантите варијанти и оди вака:

80гр густин ги мешате со 80мл вода, додавате ½ лажица сол и ½ лажичка бибер, додадете и 1 лажица брашно, добро измешајте со жица. Треба да добиете леплива, густа смеса.FIC_0453Пиперките добро ќе ги измиете и ќе ги исушите. Натопете ги во темпурата, оставете да се исцеди вишокот и извалкајте ги во брашно.FIC_0449Откако ќе ги направите сите пиперки кои што сте ги предвиделе да ги послужите, доаѓа втората фаза.

На рингла ќе ставете тенџере со сончогледово масло (околу 1 литар) да развие 190 степени (доколку имате фритеза, користете ја!).

Пиперките повторно извалкајте ги во темпурата и ставете ги да се пржат во маслото. Треба да добијат крцкава кора. Внимавајте да не ви потемнат повеќе од жолтеникавата нијанса што е на сликата.

Доколку пржите на повисока температура, нема да впијат масло и ќе бидат одлични за јадење (меѓутоа внимавајте да не ви изгорат).

Сосот ми е по рецепт на Тина, моја пријателка и многу добра готвачка! И тој оди вака:

100мл јогурт го мешате со 1 лажица павлака, 1 лажица мајонез, ¼ лажичка сушен лук, ½ лажичка сенф и 1 лажичка сушен копар.

Послужете го, одлично оди со фудбалот! Се читаме за кратко! 😉FIC_0472

 

 

2 Коментари

  1. Nataša

    Види, види… никогаш не би ми паднало на памет да тупнам пиперки во темпура. :) Браво за идејата! :)

Остави коментар