contact@gotvimesofico.mk

02
апр

Пилешко на Тајландски начин

Според мене азиската кујна е една од највкусните во светот! Интересно е што за овој рецепт ви требаат само 20 минути и тадаааам! Добивате идеален ручек за Вас и вашето семејство!

FIC_0002Потребни состојки:

  • 1 зелена пиперка (крупно сечена)
  • 2 чешниња лук
  • 250гр печурки шампињони (исечете ги на четвртини)
  • ½ глава кромид (крупно сечена)
  • 1 морков
  • 2 коренчиња од ротквица
  • власец
  • 1 рака индиски ореви
  • пилешки гради 500гр
  • соја сос 30гр
  • 100гр густин
  • 300гр ананас 
  • резанци од ориз (нудли, а можете да ги смените и со “Басмати” ориз)
  • 100мл вода
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • сол

Прво, пилешкото исечете го на парчиња со дебелина од 3 милиметри. Извалкајте ги во густин (целото месо да биде фино прекриено).

FIC_0007Во вок тава загрејте сончогледово масло (околу 150мл). Прво ставете го да се пропржи пилешкото.

Целиот зеленчук исецкајте го на косо.

Процедете го пилешкото (извадете го зејтинот) и во истата вок тава додадете го зеленчукот и овошјето, освен шеќерот, соја сосот и водата.

Откако ќе почне да се пржи, промешајте го добро зеленчукот за да ја испушти 50% од водата која ја има во себе.

FIC_0019Потоа додадете го соја сосот, водата и шеќерот.

Мешајте и пржете на средно-висока температура околу 4-5 минути.

Резанците од ориз (оризови нудли) само спуштете ги во вода што врие околу 2 минути (искористете ја топлата рингла од тавата што пржевте).

Сервирајте врз нудлите (можете и се да измешате) и украсете со власец и свежи ливчиња маточина (ако не можете да најдете по пазариве, слободно ставете неколку резниња лимон).

На здравје!

FIC_0023Се читаме за кратко!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар