contact@gotvimesofico.mk

17
јун

Пилешка закуска

Во Америка се познати под називот “нагетс”, во Бугарија ги викаат “хапки”, а ние во Македонија си го викаме пилешко поховано, тоест јас го викам пилешка закуска! :)

Разликата е што ова не е класично поховање, туку се работи за уште поедноставен момент!

Претходно ќе го исечете пилешкото во форма која ја сакате, и ќе го потопите во пиво и мед (околу 1 полна лажица). Добро ќе измешате со рака и ќе го оставите месото да отстои во маринадата околу 3-4 саати (најдобро преку ноќ).

Јас презла си правам сам, во блендер ставам двопек (секогаш имам двопек дома) го блендам и тоа е тоа. Плус можам да си играм со комбинацијата на двопек лебови.

Од маринадата пилешкото директно го префрлате во презлата го валкате убаво од сите страни. Фритезата (или тенџере со зејтин) ја загревате на 190 степени и ги ставате да се пржат додека не добијат светло кафеава боја.

Ги обожавам со сос од сенф и мед, а може да искомбинирате и класичен тартар сос. Наздравје! 😉

FIC_0532

Остави коментар