contact@gotvimesofico.mk

25
окт

Печен свински бут

Ми ѕвони телефонот, гледам Чедо ме бара! Дигам, повели чичко Чедо! Ми вика: Филип, збирај фамилијата и те чекам нешто заедно да зготвиме! И така ја се пакувам, мама го пакува Максим и тргаме накај Чедо (татко и на Ивана) да видиме што не чека…

Влагам и гледам свинско бутче и компири и уште згора на се дознавам дека бутчето е од прасе кое е хрането само со природна храна и компирите биле органски! Радости! :) Кога имаш вакво парче месо, и вакви компири речиси и да не постои рецепт! :) Бутчето го тријам со морска сол (едно 10-тина минути), потоа го оставам да се одмори (на собна температура. Пред печење ја двојам кожата од месото, посолувам и наросувам со бибер, потоа пак ја враќам кожата. Пази, добро испечена кожа е скапоцена! :) Подобра е од најдобриот чипс на светот! :) 

  • Бибер не ставате одозгора зошто тој гори на температура над 150 степени.

Бутчето оди во тава со фолија одозгора, во загреана рерна на околу 180 степени (зависи како ви пече рерната) без вентилатор. Така го оставате да се пече 2 часа, потоа го проверувате, може да треба да се динста уште максимум 30 минути. Потоа ја тргате фолијата и печете уште 1 час. fic_0311Компирите ги лупите и ги мешате со квалитетно маслиново масло им додавате сушен копар и сол и ги додавате во тавата, печете заедно уште 40-тина минути и имате ручек над ручеците! fic_0316

Остави коментар