contact@gotvimesofico.mk

06
сеп

Печени свински кременадли

Кога се работи за печења јас сум многу специфичен, имам свој начин од кој што не отстапувам. Кременадлата е институција, али не ја сакам тенка и исушена на скара, според мене, добро спремена кременадла треба да биде сочна и мека со крцкава кора. Таква кременадла најлесно можете да добиете во професионални печки, дувалки кои што дозираат и процент на влага и се нарекуваат конвектомати или малку да се потрудите и да добиете совршен производ во домашна кујна.

Не е страшно! Одиме вака…

Ќе набавите 5-6 споени кременадли (зависи за колку луѓе готвите). Во посебна длабока чинија ќе споите суви зачини и тоа 1 лажичка сушен кромид, 1 лажичка сушен лук, ½ лажичка мелено чили, кора од 1 лимон, оригано, сол, ½ лажичка бел бибер, малку кари (на врв од лажичка), исто така малку мелено каранфилче.FIC_0604Цело месо ќе го намачкате со ладно цедено маслиново масло и ќе го наросите со претходно припремената мешавина од зачини.FIC_06083-4 големи моркови ќе ги исечете на кругови и ќе ги наместите како подлога на месото, па така морковот ќе се готви од соковите што ги испушта месото, фантастично! 😉

Ако сте фан на рузмарин, ставете некое гранче за да го парфимира месото.

Загрејте ја рерната на 250 степени, ставете го месото да се пече и по 1 минута намалете ја рерната на 180 степени. Печете го така 1 час, потоа зголемете на 200 степени и печете 45 минути и во трета фаза пуштете вентилатор и печете уште 15 минути.FIC_0614Оваа температура со ова време на печење е одлично за перфектно спремени кременадли! Сервирајте ги и излапајте ги со друштво! Се читаме за кратко, поздрав! 😉FIC_0616

FIC_0620

Остави коментар