contact@gotvimesofico.mk

26
сеп

Печени компири со блитва и моцарела

Јас на пример обожавам компири на милион начини! :) Денес ќе ви покажам рецепт што е превкусен и што претставува сериозно мезе! :)

Рецептчето оди вака,

Ќе набавите 3-4 компири, ќе ги излупите и ќе ги исечете по должина на половини, ќе ги издлабите за да можете да ги полните (а можете и да не ги лупите, тоа е ваш избор).fic_0952Една китка блитва добро ќе ја измиете (лист по лист) и ќе ја исчистите од стеблата (знаат да бидат доста жилави за јадење).fic_0961Блитвата ја потпржувате во тавче со ситно исецкано едно чешне лукче, потоа додавате 150мл павлака за готвење и готвите чисто колку да проврие за да смени структура (солите по вкус).

Потоа ги полните компирите со смесата од блитва, ги покривате со алуминиумска фолија и ги печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Потоа ја вадите фолијата додавате парчиња (тенки) моцарела (125гр ви е доволно за сите компири) и печете уште 10 – 15 минути за да фатат боја (можете да уклучите и вентилатор).

Тоа е тоа, одлично мезе, а богами и добар ручек! На здравје! 😉fic_0027

Остави коментар