contact@gotvimesofico.mk

05
фев

Печени Барбуни со рижото

Имам другарче (заедно учевме во основно) што е крал на рибите во Македонија! Ми се јавува и ми вика, Фичо ми стигна прав деликатес! “Red Mullet” – тоа е називот за Барбун. Барбун е риба која што ја обожавам, едноставно секое готвење ми го прави посебно искуство! Се работи за риба која се храни со ракчиња па и самата риба има таков шмек… Фантазија! Се работи за една од највредните и најпопуларните парчиња морска риба! Обично на пазарот се наоѓаат парчиња до кај 200гр. Доколку најдете поголеми капиталци, земете ги, вредат!FIC_0136FIC_0144Се мислев со што да ја искомбинирам и решив да направам поинаква комбинација од вообичаената медитеранска мешавина (варени компири, лук и блитва). Овој пат Барбунот ќе го комбинирам со рижото и тоа не било какво, туку рижото со бадеми!FIC_0128Барбунот е риба која што претежно се спрема со техника на пржење, али јас решив да и пристапам скроз различно! Ќе ја печам! Ја чистите од шкрги, ги вадите внатрешните органи, посолувате и ја оставате во фрижидер околу 2 часа. Ќе пушти вода, добро ќе ја исцедите и ќе ја избришете со сува крпа, ја редите на решетката од рерната (ги редите парчињата во природна позиција како кога плива во водата), одоздола ќе ставите плехче што ќе ги собира соковите кои ќе истечат. Ја загревате рерната на 240С, ја ставате рибата да се пече (вниматено да не се превртат парчињата. Ја намалувате рерната на 210С, пуштате вентилатор и печете точно 13 минути.
Додека се пече го спремате рижотото. Ставате 30гр путер со лукче, пржите додека кромидот не добие стаклест сјај, додавате 1 чешне лукче (ситно исецкано) и додавате 80гр Карнароли ориз, пржите една минута и потоа додавате 30мл бело вино. Откако ќе испари алкохолот додавате 30гр сецкани бадеми и залевате со зеленчуков бујон (околу 150мл), Спремате ал денте рижото. Откако е зготвено рижотото замешувате околу 30гр рендан чедар кашкавал и промешувате за да се спои и да добие погуста структура.FIC_0143FIC_0148Јас решив да сервирам малку поразлично од вообичаено. Оваа чинија претставува природна средина за рибата, односно рижотото го претставува дното во морето, а рибата е поставена во својата природна позиција на движење.FIC_0153

Остави коментар