contact@gotvimesofico.mk

29
дек

Печена Шкрапина

Кога се работи за риба сум многу пребирлив. Шкрапина ми е една омилените риби! Незгодна е за чистење, признавам, али се исплати за секој залак! ;91smallВнимавајте на боцките, премногу се остри, најчесто ќе ја најдете без глава од причина што главата и е преполна со боцки кои се многу цврсти и многу остри. По нашиве маркети се наоѓа во смрзната варијанта али не се секирајте ок е! Ок е од причина што се работи за свежо шокирана риба (шокирање е процес на инстантно замрзнување на температура од -60 степени), односно свежо уловена риба веднаш се носи на шокирање па така ги задржува сите корисни состојки во неа. Во 90% од светските ресторани ќе сретнете нагласок во менито дека се работи за шокирана риба или месо или на англиски “double frozen”. Тоа нека не ве плаши подобро шокирана свежа риба, отколку свежа риба стоена 2-3 дена!

skrapinasmallОваа риба треба да ја одмрзнете како што е спакувана во ладна вода (со често менување на водата), потребно и е околу 20-тина минути. Шокираната роба брзо се одмрзнува.

Тоа е тоа, ако не сме на море не значи дека не треба да јадеме добра риба! 😉

Ќе ја исчистите од шкргите и ќе ја печете со кожа. Не можам да разберам спремање риба без кожа, тоа ми е ерес! :) Сериозно, рибата спремена со кожа е посочна и повкусна од онаа спремена без кожа. Не морате да ја јадете кожата но истата при процесот на готвење ја задржува влажноста во месото и ја прави рибата многу повкусна! И доколку ја пржите, пржете ја 90% од страната на кожата и само 10% од другата страна.

Е сеа вака одмрзнатата риба јас ја исфилетирав и од две риби извадив четири одлични порции! Шкрапината е риба со бело месо па така е одлична за пржење, али исто така е топ и за печење, дури можете да ја печете комплетно без масло, така направив јас! 😉 Само под парчињата ставив ливчиња (тенко исечени) лук и добро ја посолив (со квалитетна сол).

Добро исцедете ја од вода и ставете ја на хартија за печење (да лежи на кожата) и потоа положете ја во тавче. Печете ја на 210 степени од 12-15 минути со вентилатор, доколку имате опција да го регулирате вентилаторот – пуштете го на силно дување.

Јас ја комбинирав со броколи и морков варени на пареа! Тоа ми е доволно!

*Уште еден коментар морам да додадам! :) Исто така не разбирам зошто со рибата јадете лимон?!?! Лимонот го убива вкусот на секоја риба. Вообичаено се користат додатоци кои го поддржуваат и го надополнуваат вкусот на рибата. Пробајте ја вашата омилена риба, али без лимон! Осетете го вкусот на рибата! Цитрусите во готвењето се користат за да прикриете нешто :) или да надополните некаков силен, интензивен вкус на некоја состојка, тоест да направите баланс. Секоја риба има различен, специфичен вкус, не додавајте лимон, осетете го вкусот! 😉

Згответе ја оваа одлична бела риба и изненадете ги и најпребирливите гурмани! И не заборавајте да ми испратите фотка да видам како ви излегло! 😉74small

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар