contact@gotvimesofico.mk

15
апр

Перфектно Печена Кокошка

Сите имаме по некој рецепт за печена кокошка. Овој пат јас ќе ви дадам рецепт со кој никогаш нема да утнете! Слободно можете да се потпрете на овој рецепт! За вкусот не разговарам! Фантастичен е!

Потребни состојки:

  • Кокошка (мојава е околу 1.3кг)
  • Диџон сенф 2 лажички
  • Една доза ракија траварица (можете да го користите било кој дигестив)
  • Лук 4-5 чешниња
  • Путер 80гр
  • Сол и Бибер
  • 400гр млад компир
  • коцка за пилешки бујон

За овој рецепт ќе ви биде потребно путерот да е од фрижидер за да можете да извадите тенки листови.

Коцката разгмечете ја со малку масло, да добиете паста. Со раце намачкајте ја внатрешноста на кокошката.

Ќе земете дрвена лажица и полека ќе ја одвоите кожата од месото, внимавајте да не ја искинете (можете истото и со раце да го направите).

Лукчето ќе го исецкате на тенки ливчиња. Под кожата ќе наредите листови путер и лук. Путерот треба да биде сегде добро распореден.FIC_0139Во сад измешајте го сенфот со дигестивот за да се спојат и со четкичка премачкајте ја цела кокошка. Оставете ја да стои околу 1 час. Тајната во многу рецепти со месо е во тоа што се користи месо на собна температура. Месото не треба да се шокира од многу ладно на многу топло, ја менува структурата.FIC_0143Пред да печете загрејте ја рерната на 175 степени. Ставете половинки од млад компир околу кокошката и ставете ја да се пече околу 45 минути со вентилатор и околу 50 минути без вентилатор (зависи како ви пече рерната).

Тадаааам! Добивте перфектно печена кокошка. Структурата на месото е мазна, месото е кревко за јадење и со бела боја како да е варено (вареното има скроз различна структура).

Спремете ја, и послужете ја во друштво на оние кои ви се најмили! Поздрав, се читаме за кратко!FIC_0160

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар