contact@gotvimesofico.mk

06
јан

Перфектна Печена Кокошка

Верувам дека секој знае да испече кокошка, исто како што секој знае да свари шпагети…! :) Али верувајте дека од шпагети до шпагети има разлика, а од кокошка до кокошка има огромна разлика! :)

Мојов рецепт ви е без утка! Следете го и секогаш ќе имате пиле на столетието! :)fic_0201Набавете големо коковче, наполнете го со (намачкајте го) со околу 80гр путер од внатре и колку можете меѓу кожата и месото (најдобро тоа направете го со раце – само така нема да ја искинете кожата). Внатре наполнете го пилето со околу 10-15 чешниња лук. Аха, да! :)fic_0180

*Како декорација исечете цела главица лук на половина и ставете ја да се пече со кокошката.

Не се секирајте со печењето се убива моќноста на лукот, останува само шмекот. А и плус испечени чешниња лукче се одличен намаз за тазе лепче! 😉

Одозгора намачкајте го со маслиново масло и наросете го со мајчина душица, малку мелена сушена пиперка, малку здробено семе од коријандер и сол! Бибер додавате откако ќе ја ивадите од рерна (по вкус).

Печете на 200 степени покриена со фолија, околу 1 час. Потоа ја вадите фолијата и печете на 160 степени уште 90 минути. Зависно од тоа како ви пече рерната, доколку е потребно додадете уште некои 10-15 минути за да добиете боја на кожата. А за да не се замарате можете да уклучите вентилатор и бојата веднаш ќе си дојде.fic_0196Испечете го најдоброто пиле на столетието и пофалете се на пријателите! 😉 Се читаме за кратко! 😉fic_0198

Остави коментар