contact@gotvimesofico.mk

06
ное

Пене Ригате со Вргањ

Оваа паста ми е една од омилените! Поготово кога ќе си набавам прва класа вргањ!

Да не ве давам одма почнувам со рецептот!

Секогаш користам квалитетна италијанска паста од Грањано, за мене тоа е вкусот на Италија! 😉 200гр Пене ригате ги ставам да се варат во тенџере со солена вода, околу 10 минути (најчесто ви пишува на пакувањето колку е доволно варење).

Паралелно на друга рингла ставам тава со маслиново и путер, пропржувам 150гр свеж вргањ и 1 чешне лукче (исецкано).

Во припрема секогаш имам “Ру” – француски назив за овој тип на припрема, може да биде бел или темен “roux”. Tоа ви е припрема за бешамел сос и може да стои месец дена без проблем. Се работи за густа смеса/паста составена од брашно и прочистен путер и си ја разредувам со млеко по потреба, па така добивам квалитетен бешамел сос, инстантно!

Откако добро ќе се пропржи вргањот, додавам една лажица од “Ру” припремата и една шолја млеко, мешам со дрвена лажица додека не добијам густ бешамел, потоа ги додавам ал денте сварените пене ригате и ги крчкам заедно околу 2 минути.fic_0427Вакво јадење може да се крка секој ден! Одлично е! Фантастично!fic_0434Се читаме за кратко! 😉fic_0436

Остави коментар