contact@gotvimesofico.mk

29
јан

Пене ал Форно

Станувам сабајле и прво што ми падна на памет беше потпечена паста… Идам до шпајз да видам дали имам “Пене Ригате” паста, тоа е најдобрата форма на паста за потпекување (за мене)! FIC_0251Најдов! :) Ги ставам да се сварат (околу 9 минути) ал денте во солена вода што врие. Минутажата на варење ви зависи од квалитетот на пастата што ја имате на располагање. Јас користам квалитетна паста. Обожавам добра паста па така секогаш внимавам да е со италијанско потекло (од Грањано). Не гледам причина зошто да конзумирам помалку квалитетна паста. 😉 
Откако ќе се сварат, добро ќе ги исцедам и ги прелевам со квалитетно ладно цедено маслиново масло (околу 5 лажици). Промешувам и ги тргам на страна.

За кратко спремам модифицирана верзија на Бешамел сос. И тоа би одело овака:

Во сосиер тенџерче ставам 50гр путер, ситно исецкани 2 чешниња лукче, 1 лажица маслиново масло и оставам малку да пушти лукчето арома. Потоа додавам една полна лажица бело брашно. Мешам со жица убаво да се спои (да нема грутчиња) и полека, мешајќи долевам 500мл млеко. Мешам додека не почне да згуснува, потоа додавам 1 полна лажица оригинално песто (со географско потекло). Единствено различно од песто од она со географско потекло (овие производи се означени со ознака “DOP”) признавам само ако е домашно направено. Мешате да се спои пестото со бешамелот. 

Пастата ја ставате во тавче за печење и ја прелевате со сосот, одозгора наросувате со малку оригано (опционално).FIC_0256Печете во рерна на 200 степени, околу 15 минути (добро би било, ако имате опција да пуштите вентилатор, последните неколку минути да ги печете под вентилатор).FIC_0257Лесна крканција, измислена за утринско разгалување! :) :) :) FIC_0258Јас ги сервирав со малку благо чили одозгора, ми се јадеше нешто луто, а не луто! :) FIC_0266

Остави коментар