contact@gotvimesofico.mk

08
авг

Падобранци

Падобранците се единственото нешто што ме потсеќа на стара чаршија, едноставно не би можел да ја замислам чаршијата без овој традиционален, одличен десерт. Низ народот кружи муабет дека е многу тешко да се направи овој десерт, така е! Не се едноставни, иако имаат три главни состојки! Овој десерт е врзан со температурата и времето на печење и има по некоја пикантерија околу рецептот.

Денес ќе ви го откријам рецептот за падобранци кој го измкнав од тефтерот на мајка ми! 😉

Ситно измелете 250гр ореви (во блендер).

Четири белки изматете ги заедно со 250гр шеќер. Матете ги додека не добиете цврст снег, додадете малку ванила арома.

Потоа во белките додадете ги мелените ореви и гответе ги со миксер на пареа (на средна температура), точно 18 минути.

Потоа нанесете подебела смеса (околу 1 сантиметар) на сликонска подлога, гледајте смесата да ви еднаква насекаде.

Загрејте ја рерната (без вентилатор) на 150 степени, штом ќе ги ставите падобранците да се печат, намалете ја на 130 степени и печете точно 36 минути, откако ќе заврши печењето, оставете ги 1 минута во исклучена рерна и извадете ги да се оладат. Доколку ги печете на силиконска пофлога многу лесно ќе ги извадите.

*Голема улога игра тоа како ви пече рерната, во некои рерни, сосема ок е да печете на 130 степени, 40 минути, па и 45. Во некои рерни сосема доволни се 30 минути на истата температура. Во мојата рерна перфектната структура ја добив на 36 минути.

За филување користете крем каков што сакате, јас направив обичен шлаг крем зошто бев нестрплив да ги пробам! :)FIC_0328Да бидам искрен, не го знам традиционалниот цврст крем кој се користи во овој десерт, па затоа во иднина ќе направам крем од маскарпоне сирење (знам дека не е традиционален, ама мене ми е многу вкусен). Би бил благодарен доколку некој ми даде предлог за крем кој би се вклопил како полнеж.

Поздрав, се читаме за кратко! 😉FIC_0338

2 Коментари

Остави коментар