contact@gotvimesofico.mk

24
ное

Ориќете во бел сос

Специфична форма на паста која е добра за задржување на сосеви! Секој сос е повкусен кога користите ориќете паста. Интересно е потеклото на името на оваа паста, во превод е кованица од “мало” и “уво” па така и потсеќа! Оваа паста е со форма на мали увциња! :)fic_0014Често се служи како додаток на месо или со сосеви кои имаат крупна структура (на пр. Броколи или грашок). Овој рецепт започна како експеримент, меѓутоа заслужи да се најде меѓу успешните рецепти на мојот блог.fic_0025Па оди вака:

300гр Ориќете (Orecchiette), ги ставате да се варат во поголема количина солена вода што врие. Во тава на страна ставате 20гр путер, малку маслиново масло, 8 инчуни исецкани, 2 чешниња лук (исецкани), шери домати жолти и црни (јас ги исеков на четвртини), откако ќе се пропржат додавате 4 лажици павлака за готвење и 4 лажички песто, на крај зачинувате со малку сушена мајчина душица.fic_0009Пастата ја додавате веднаш откако ќе се развари ал денте (околу 6-8 минути). Откако ќе ја споите пастата со сосот варите заедно околу 2 минути и веднаш сервирајте.

Лесно јадење, можете да го приготвите кога и да ви текне на паста, а е супер хранливо!fic_0028Поздрав! 😉

Остави коментар