contact@gotvimesofico.mk

19
авг

Ориз на тајландски начин

Овој тип на ориз кој во Тајланд локалците го нарекуваат “таи ризото”, не би рекол дека се работи за рижото, меѓутоа дури и на азискиот континент ќе сретнете доста готвачи кои го прават со арборио ориз. Најголемиот дел користат басмати ориз, меѓутоа некои сакаат да го направат филмот за рижото па користат арборио…

Ми беше многу топло и сакав да направам некое лесно и освежително јадење за мене и моето семејство па така ми текна на овој рецепт! Во моментот немав басамати ориз (кој секако ретко го користам) па го направив со арборио ориз (доколку вие сакате слободно направете го со басмати).

100гр ориз го ставате малку да се пропржи на маслиново масло, му додавате ситно сецкана 1 глава кромид, 3 чешниња лукче (исто ситно сецкани) и ½ домат (конкасе). Се заедно пропржувате и полека додавате сол, бибер и по малку вода, оризот ќе се зготви ал денте и пред да заврши термичката обработка додавате 1 ананас, само месестиот дел (средниот дел не го користите зошто е многу тврд за јадење).

FIC_0457Е сеа за ананасот. Ќе го исечете на половина по должина и ќе го извадите само месетиот дел од плодот, ќе го исецкате и ќе го додадете во оризот како што ви напоменав погоре.FIC_0462Промешајте да се спои и сервирајте го во половината од ананасот, оваа количина ви е доволна за двајца.

Верувајте дека на овој рецепт никој не останува рамнодушен, ви гарантирам! 😉FIC_0466

Остави коментар