contact@gotvimesofico.mk

04
апр

Млади компири со сланина и кашкавал

Едноставно мезе, за кое ви е потребно ич време и ич вештина у кујна! Лесно предјадење, кое може да го спреми буквално секој!

Потребни состојки:

  • 500-600 гр млад компир
  • сланина 80гр (исецкана на парчиња со околу 3мм дебелина)
  • Мешан кашкавал 100гр (иста дебелина како сланината)
  • Свинска маст 1 лажица

Исечете го секој компир на три дела по должина. Намачкајте го со свинска маст и на едниот дел ставете парче сланина, а на парчето над тоа, ставете парче кашкавал.FIC_0035Наредете ги во кула (едно врз друго) и прободете ги со стапче за ражничи. Печете во загреана рерна на 200 степени (со вентилатор), точно 25 минути.FIC_0047Со овој рецепт можете да извадите ситуација кога и да ви се најават гости! Хахаха!FIC_0052Лејдис енд џентлмен, на здравје мезето!

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

2 Коментари

  1. Darko Manevski - Manjo

    Zdravo Filip,
    Samo sto gi staviv da se pecat kompirite i se nadevam deka dobro ke se ispecat.
    Malku mi e strav da ne mi se prepecat kaskavalot i slaninata, da ne gi snema :(
    No jas im dodadov i tenko iseceni parcinja od svinska kremenadla i mislam deka toa ke mu dade uste podobar smek.
    Mnogu dobra ideja ni dade za podgotovka na denesniot rucek.
    Pozdrav i prodolzi napred!

    1. Даре, само напред со рецептите, не се секирај нема да ги снема кашкавалот и сланината, пробан е рецептот! 😉 Поздрав и готви си со Фичо не се зезај! :)

Остави коментар