contact@gotvimesofico.mk

06
окт

Мини црни лепчиња

Овие лепчиња ми се омилени! Вкусни се, лесни за правење и меки како душа! 😉

Единствена специфична состојка во овој рецепт е брашното од црн “артемиде” ориз кој се наоѓа по нашите продавници. Во овој рецепт овој тип на брашно е застапен со 20%.fic_0732Па рецептот оди вака, во сад измерете 100гр ориз од црн артемиде брашно, 400гр бело тип 400 брашно, 20гр путер, 10гр шеќер, 15гр сол (јас користев salt flakes), 7гр сув квасец, 100гр јогурт и 180мл вода.fic_0743Се заедно ќе измешате и ќе замесите меко тесто.fic_0756Оформете топчиња со тежина од по 50гр и ставете ги на хартија за печење, извалкајте ги со брашно и направете по три реза на секое топче (јас тоа го направив со ножици).fic_0766fic_0770Вака средени лепчињата оставете ги да се одморат (да стасаат) околу 30 минути на собна температура.

Загрејте ја рерната на 240 степени, ставете ги лепчињата да се печат и веднаш намалете ја на 180 степени, вака печете 30 минути. Потоа ќе ги извадите и ќе ги оставите да се оладат. Доколку ги исечете веднаш ќе се затестат и ќе направите беља, значи мора да ги оставите да си земат душа (шо викаат старите…) 😉fic_0794Не ги комбинирам со ништо посебно зошто самите по себе се посебни и превкусни, одлични се за појадок, а за гости се вистинско гурманско искуство! 😉fic_0791

Остави коментар