contact@gotvimesofico.mk

13
јун

Мини рамстек сендвичи

Французите обично не грицкаат и нивните грицки се често составени во форма на предјадење или главно јадење… Значи се работи за конкретна нација!

Овие сендвичиња се извадок од “Бистро” мени и се многу вкусни. Кога се работи за гастрономија французите се многу темелни и прецизни, е сеа овој рецепт не е нешто за што ви е потребна посебна концентрација, меѓутоа се работи за сендвичи направени со љубов!

И тоа оди вака:

Ќе набавите две парчиња рамстек (со дебелина од околу 3 сантиметри), ќе ги исечете на тенки шнитови (парчиња контра мускулните влакна на месото). Ставете ги во некаков сад кој ви е наменет за маринирање месо, јас најчесто користам садови за една употреба (да не се замарам со миење).

Посолете ги парченцата (јас користев црна хималајска сол), ставете им околу 4-5 лажици ворчестер сос, малку кафеав шеќер (околу 1 лажичка на сите), ½ лажичка сода (наросете ја секаде подеднакво), додадете прстохват црн бибер и на крај залејте со маслиново масло. Вака маринираните мевца ставете ги во фрижидер преку ноќ.

*Пред да ги пржите извадете ги на собна температура (околу 1 час).

Една голема главица кромид (или две помали) исецкајте ги во вид на полу кругови и ставете ги да почнат да се готват на 1 лажица путер (на средна температура). Откако ќе добијат стаклест изглед, додадете 2 полни лажички кафеав шеќер и 2 лажици балсамико оцет, пржете мешајќи додека не се стопи шеќерот.FIC_0419Кромидот извадете го на страна и во истата тава пропржете ги мевцата (мешајќи) на силен оган (нив не им треба повеќе од 2 минути).FIC_0433Набавете багет леб, исечете мали парчиња во вид на припрема за канапеи. Намачкајте еден слој крем сирење, па врз него ставете од кромидот, па врз кромидот наредете три мевца, на крај украсете со стракче власец.FIC_0445Рецептов е лесен, ако гледате волку текст, инспириран бев! :) Направете ги овие мали деликатесни сендвичиња, викнете ги пријателите и пуштете го вашиот омилен меч… а добро одат и со некоја серија! :)

 

Остави коментар