contact@gotvimesofico.mk

06
окт

Мераклиски сендвич

Доаѓам дома гладен ко вук! :) Отворам фрижидерот (и ми свири во глава хорски дел од алелуја песната) :) Викам по Ивана: имаме ли нешто за јадење?! 😉

И добивам одговор: има таму во фрижидер, скоцкај нешто! 😉

Гледам, прво ми паѓа во очи печено јунешко фрикандо со моркови (го исецкав ситно) ;), гледам ајдамер, бејби рукола, нешто остаток од ајсберг салата и некои алфа алфа никулци! 😉

И на крај ми доаѓа идеја! Идам до маркет купувам тазе француски багет и трчам накај дома ко да ме брка пит бул! :)fic_0270Си мислам по пат, сеа каков сендвич ќе напраам! Мхмхмхмхм! 😉 Го вадам најубавиот дел од багетот (филе мињонот) 😉 го сечам на половина и почнувам!

Правам сос од лажичка сенф (дижон), лажица мајонез, лажица павлака малку куркума, сол, бибер и малку ворчестер (неколку капки).

Склопувам…fic_0280Го редам сендвичот со сите состојки (како на сликата) и ете ти ја Ивана, ја слушам како и се доближува на кујната (онака чисто да види што правам)! 😉

И имаш муабет: Еј! И ја сакам! – Морав да и дадам малку за да немам проблем! 😉

Битно сендвичот беше драма! Фактички американците за вакви сендвичи имаат име: “leftovers sandwich” – сендвич од остатоци. Како сакаат нека го викаат! Мене ми беше авион! 😉fic_0281Се читаме наскоро! 😉

Остави коментар