contact@gotvimesofico.mk

25
мар

Пролетни мафини

Го изедов чипсот, а ме чека филмче за гледање, мезе немам! Хмммм… Отварам фрижидер и вадам од се што ми останало, решив да си направам мезе и да го споделам со вас! Ова ви е мезе меѓу крокети и проја, не знаев како да ги крстам, па решив да ги наречам пролетни мафини.

У фрижидер најдов:

  • 1 младо лукче
  • 3 моркови
  • 1 јајце (имав повеќе, али ќе користам едно!) Хахаха
  • 5 компири (ги одбрав најдобрите)
  • Остатоци од кашкавалчиња и сиренца
  • Околу 10гр сув вргањ
  • Неколку листови спанаќ
  • Околу 4-5 гранчиња броколи
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 5 лажици брашно тип400
  • 3 лажици полента
  • Можете да додадете и малку сусам (ја немав)
  • 1 стракче целер (не ставајте повеќе, зошто има силен вкус и ќе доминира)

FIC_0396Ги лупам компирот и морковот, ги сецкам на парчиња и ги ставам да се варат во солена вода додека не омекнат, потоа на кратко го додавам исецканиот целер и гранчињата броколи.FIC_0399Зеленчуците ги процедувате, ги оставате малку да се подоладат и ги ставате во блендер, кратко блендате (3 секунди буквално). Кашкавалот и сиренцата ги сецкате ситно, ги додавате во смесата, исто и вргањот (ситно исецкан), младото лукче и на крај јајцето.

FIC_0403Промешувате да се спојат, го додавате прво брашното (лажица по лажица) и мешате да се спои. Потоа ја додавате и полентата (лажица по лажица) и на крајот прашокот за пециво. Мешате да добиете хомогена смеса.

Најдете било каков калап за печење. Јас имам неколку, па искористив оваков за мали проички.

FIC_0405Печете во загреана рерна на 200 степени, 10 минути, па уклучувате вентилатор, намалувате на на 180 степени и печете уште 13 минути. Од моиве состојки ми излегоа две дози!

Направив сос од 3 лажици павлака и 1 лажица мајонез, додадов малку сол и 1 лажичка балсамико крема. Ништо комплицирано, обичен свеж сос. А, можете да му капнете и некоја капка лимон.

*Боље се кога ќе се оладат!

FIC_0413

Си го собирам семејството, монтирам мезето и филмот почиња!

 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар