contact@gotvimesofico.mk

14
ное

Лосос во лиснато тесто

Често готвам Биф Велингтон, меѓутоа од неодамна ми текна дека со квалитетно парче риба можам слободно да направам и фиш велингтон, па така одлучив на ова преубаво филе од Лосос да му дадам друга димензија! 😉fic_0032Набавив филе од Лосос од околу 300гр. Ќе внимавате рибата секогаш да е свежа, кај лососот можете да го приметите по бојата од причина што ретко ќе ја сретнете цела риба (што е отприлика околу 8кг), бојата мора да е светло портокалова и ќе внимавате да не е премногу масен. Маснотијата ќе ја забележите по белите делти што се распростануваат помеѓу месото.fic_0029Со остар нож ќе ја извадите кожата (тоа го правам само за овој рецепт, за секој друг рецепт кожата ја оставам) и ќе внимавате да не го оштетите преубавото парче риба. Ќе ја посолите и ќе ја запржите на многу малку ладно цедено маслиново масло. Ќе внимавате во средината да остане жива – значи навистина кратко пржење! 😉fic_0043Потоа ќе ја оставите на страна да се одмори. Додека чека лососот, ја спремате постелата од лиснато тесто. Во овој случај ќе користам купечко лиснато тесто, фала богу веќе го има по сите маркети! 😉 Кога би требало да го правите би се откажале од секој рецепт со лиснато тесто! :)fic_0047250гр лиснато тесто ќе го расукате (до дебелина од околу 3 милиметри), ќе го го исечете на два приближно исти делови (коцки) и едната половина, по краевите ќе ја намачкате со изматено јајце. Врз лососот ќе ставите тревки/перца од анасон и ќе го положите парчето врз едната подлога. Со другата подлога ќе го прекриете одозгора и фино ќе го залепите на местата каде што е премачкано со јајце. За секој случај притиснете со вилушка за да бодете сигурни дека добро е залепено тестото. Со остатоците украсете го одозгора. Јас направив еднакви коцкички и го наредив како шкрги! :) немав модла за да направам кругови, ако вие имате, сторете го тоа (пред да ги редите украсите премачкајте го тестото со јајце за да се залепат истите)! 😉

fic_0061fic_0063fic_0059fic_0073Печете во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути, потоа пуштате вентилатор, намалувате на 200 степени и печете уште 5 минути – само колку да добие боја! 😉fic_0087И тоа е тоа! Направете го и пишете ми како ви излегло!

Остави коментар