contact@gotvimesofico.mk

03
мар

Лингвини со Димен Лосос

Во овој рецепт специјална состојка ми е димениот лосос! Го обожавам! Секогаш го комбинирам во секакви комбинации од салати до пасти и сендвичи. Денес ќе ви презентирам рецепт, паста со лосос.FIC_0345За добар рецепт со паста најбитно е да користите квалитетна паста. Јас секогаш користам паста од Грањано и не му ја мислам. Можеби е малку поскапа од обичните пасти, али верувајте ми има огромна разлика (поготово ако сте хедонисти)! 😉LingivniПрво правило кога готвите паста е да ја варите во голема количина (големо тенџере) солена вода што врие. Немојте да импровизирате во помали тенџерчиња ако сакате перфектно сварена паста.

Ок, Лингвини (500гр) од Грањано ги варите околу 8 минути (ал денте). Додека се варат на страна спремате 100гр димен лосос – го сецкате на лентички (Julienne).Dimen-LososТавче со ладно цедено маслиново масло (3 лажици) го ставате да се загрее на средна температура, додавате две чешниња лукче згмечени преку преса за лук (така ми е најлесно).
Luk34Откако ќе почне лукчето да отвора мирис го додавате димениот Лосос и кратко ги пропржувате (1 минута), потоа додавате 200мл полномасна млечна павлака (ако постите, можете да користите растителна павлака за готвење) за готвење, мешате и на крај ги додавате сварените Лингвини. Јас додадов и малку сув Копар, перфектно ми оди во оваа комбинација. Да, сол нема да сретнете нигде во рецептот зошто мене Лососот ми е доволно солен, ако сакате додадете и сол.FIC_0350Поздрав! 😉

Остави коментар