contact@gotvimesofico.mk

04
јун

Лигњи со Полента

Многу е јако што полентата е многу атрактивна по луксузните ресторани во светов, а кај нас е традиционален појадок. Си размислував и решив овој традиционален појадок да го спојам со лигњи и да склопам топ главно јадење!

Излагам у набавка, си се шеткарам по маркет и здогледувам полента спремна во штангли, ми светнаа очите, ја зимам, одам кај секторот наречен “Риба” али овој пат не барам риби, туку мекотели! J Чоекот (кој што не можам да го наречам рибар) љубезно ме услужи со лигњички, го замолив да ми ги исчисти (избегавам дома да чистам риба и морски плодови, зошто масакар ја правам кујната и после ми се отвара работа наречена чистење!) :)

*Ако не можете да ја најдете готовата полента купете класика полента, згответе според упаството на пакетчето, завиткајте ја во фолија за да формирате цилиндар и оставете ја да се олади. Јас ја земав оваа за да не мијам садови! :)

Сечам од полентата парчиња со дебелина од 1 сантиметар, ги посолувам и ги ставам во загреана тава на путер, малку да се формира кора за да го добијам кранчи моментот.PolentaЛигњите измијте ги и добро исцедете ги од вода, јас користам памучна крпа – најдобро ми упива.

Со врвот од остар нож засекувам линии во форма на баклави по површината на лигњите, така ќе добијат боље изглед, а и подобро ќе се спремат! 😉LignjiЕ сеа техниката во спремање на морски плодови е следна, добро загреана тава! Значи загрејта ја тавата, ставете малку маслиново масло за готвење и откако добро ќе се загрее спуштете ги лигњите со засечениот дел надоле. Пржете ги околу 2 минути па завртете ги од другата страна. Секоја морска храна се спрема брзо и на јака температура.

Посолувате пред да послужите. Ако ги засолите лигњите пред да ги испржите ќе добијат гумена структура, а тоа не го сакаме…

Lignji-so-polenta-Fico2

Епа дечки, тоа би било тоа… ги редите плочките полента во вид на цвет на средина на чинијата, одозгора редите лигњи, декорирам со ситно исецкани перца од младо лукче, морско без лукче, тури му пепел! :)

Јас од околу ставив малку крема од соја, измешана со васаби, добро ми оди, вие не морате, доволно би било само да прелиете со ладно цедено маслиново масло… како го пишувам текстов повторно ми се јаде! :) Е толку беа добри!

Остави коментар