contact@gotvimesofico.mk

27
јун

Леб со Пиперки

Нема ништо добро како домашен леб, уште и фурна на дрва ако имате… Полн погодок! 😉 Овој пат јас не го правам на дрва, ама излезе фантастично!

Во сад за месење ставете 500гр брашно тип400, 35мл сончогледово масло, 5гр сув квасец, ½ лажичка сол, 1 рамна лажичка шеќер, 200мл вода (млака) и 50мл јогурт.

Замесете фино тесто. Оставете го да се одмори, земете 2 пиперки со средна големина и исецкајте ги на најтенки лентички што можете (ако имате машина за сецкање, искористете ја).

Измешајте ги со тестото и замесете рустично тесто. Ќе добиете влажно тесто, но не се плашите, такво треба да биде.FIC_0832Оставете го да стаса едно саат време и ставете го да се пече 30 минути на 200 степени (10 минути печете со вентилатор, а потоа исклучете го). Можеби ќе треба да печете уште екстра 5 минути, зависно од тоа како ви пече рерната.

Добивте леб кој е одличен за сендвичи, па и за мезење, можете да го послужите со пинџурче, па дури и само со квалитетно маслиново масло…

На здравје! 😉FIC_0854

Остави коментар