contact@gotvimesofico.mk

19
мар

Леб од семки

Постојат многу лебови со семки, али овој леб е само со семки! Најдоброто нешто што можете да го зготвите за себе…! 😉FIC_0088Да не должам рецептот оди вака:

Во вангла мешате 300гр сончоглед, 150гр семки од тиква, 100гр ленено семе, 150гр бадеми, 150гр индиски ореви и сите се непечени! Додавате 5 јајца, 1/3 од шолја маслиново масло, лажичка ипол сол и добро мешате да добиете густа смеса. Најдобро е да мешате со шпатула.

Во калап за тост леб (или калап за терин) ставате хартија за печење и го полните калапот со целата смеса. Добро ќе ја измазните и добро ќе ја набиете во калапот. Печете на 160 степени, околу 1 час (без вентилатор) – зависи како ви пече рерната.FIC_0083Откако ќе го испечете оставете го да се олади околу 20-тина минути и можете да сечете. 

Замисли вакво кришче леб со кајмак и некоја добра пршута… Лелеле ми се налачија лиги! :) FIC_0087Ај поздрав! 😉 FIC_0086

Остави коментар