contact@gotvimesofico.mk

06
мај

Лава Колач (Топло-Ладно)

Еден од најуспешните десерти на сите времиња (после еклерот! Хахахаха)! Се работи за Лава колачот кој што е рецепт стар околу триесет и кусур години (барем толку време е популарен, а кога точно е измислен не знам дали некој со сигурност знае да каже). Не се знае точно кој и кога го смислил, али се прочул во Њу Јорк во 87-ма година! Во Франција постои многу пред тоа и претставува традиционален десерт, исто како и Еклерот.

Кај нас стигна под името “Топло-Ладно”, што не е така лошо име!

Овој рецепт е многу лесен и може да го направи секој по дома. А за тоа ќе ви бидат потребни следниве состојки:

  • Брашно 6 лажици
  • Путер 125гр
  • Темно чоколадо 100гр
  • 40гр Млечно чоколадо
  • 2 жолчки
  • 2 цели јајца
  • 100гр шеќер во прав

FIC_0180Чоколадото и путерот ги ставате да се растопат на пареа (јас користам сад што готви на пареа).FIC_0183Откако ќе се растопи чоколадото го тргате од рингла и го додавате шеќерот (на три пати), во меѓувреме мешате со жица за подобро да се спои.FIC_0185Откако ќе се подолади ги додавате и јајцата едно по едно мешајќи со жица.

Потоа го додавате и брашното (малку по малку) и мешате, ќе пазите да не се формираат грутчиња.

Откако ќе ги завршите сите салтанати, ќе наполните во калапи за топло ладно, какво имате – такви и ќе го оставите да се олади комплетно. Добро е со овој рецепт што можете во калапи да го чувате неколку дена, а можете и да го смрзнете. Внимавајте кога ќе ги полните калапите да не бидат полни скроз до горе, туку ќе оставите 5 милиметри простор за да може да порасне.FIC_0197Додека се лади рерната ќе ја упалите да се загрева на 220 степени. Печете во загреана рерна од 8-11 минути (зависи како ви пече рерната). После 8-мата минута ќе го пазите внимателно – ќе се формира круг на врвот на колачето што ќе личи на непечено, откако ќе се затврои тој прстен и ќе формира тенка кора, веднаш ги вадите калапите, не ги оставајте да стојат во рерна зошто ќе ви се стврдне колачот. Сервирајте го веднаш за да добиете течна внатрешност што ќе се растече. Најдобро е да го сервирате со топка сладолед од ванила, јас немав сладолед од чиста ванила, туку некој со карамел измешан, али мислам дека никој од вас нема да ми се налути заради тоа! ХахахахахаFIC_0227Направете го и изненадете некој! Чекам фотка и коментари како ви излегло!

Синето мое си дремеше до мене и ме гледаше внимателно како го правам, небаре занает ќе научи! (да се разбереме, стар е само 16 дена) Хахаха!

Поздрав и се читаме наскоро! Адиос!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

10 Коментари

  1. Ивана

    Супер рецепт. Го пробав денес, и беше успешен. Само можеби требаше да ставам млечна чоколада наместо два вида на црна што го направи колачот нешто помалку благ. Инаку го искомбинирав со сладолед од ванила и јагода (која исто така одлично оди со чоколадо).

    1. Јас обично мешам чоколадо од причина што добивам подобар вкус. Може и само со темно чоколадо (не е погрешно), така се прави на оригинален француски начин, меѓутоа треба да се користи квалитетно темно чоколадо! Како и да е, “Топло-Ладно” како што го нарекуваат кај нас е можеби најпопуларниот десерт што постоел! :) И мене ми оди чоколадо со јагода, верувам дека вкусовите топ се вклопиле. Поздрав! 😉

  2. Ени

    Здраво,

    Имам неколку прашања пред да го правам денес, за да нема грешка дека нешто не сум направила како што треба :)
    – кога се ставаат јајцата едно по едно, тоа всушност значи дека се ставаат 2 жолчки и плус 2 цели јајца, така?
    – дали може да се лади во фрижидер или на собна температура само?
    – дали може било кое црно чоколадо, или треба чоколадо за готвење (дајте предлог за некое)?
    – и за крај, колку колачиња излегуваат од оваа доза?

    Фала и поздрав

    1. Може да се лади во фрижидер, меѓутоа не е препорачливо за фрижидерот (може да се расипе). Јас најчесто го комбинирам чоколадото, тоа е веќе прашање на вкус. Количината е зависна од големината на калапот (десетина). Поздрав! 😉

  3. Дејан Главчев

    Прекрасно.
    Денеска го направив супер излезе (само што немав калап но се снајдов ). Голема благодарност . Слика тука неможам да ставам затоа ставив на инстхрам

  4. Анета

    Супер излегоа, голема благодарност за рецептот! Следниот пат ќе додадам и ванила. Кога сме кај следниот пат – ќе се залепи ли колачот за калапот ако не се намачка со путер? Овој пат ги намачкав, ама би го избегнала ако не мора. Тефлонско тавче имам.

    1. Секогаш ги мачкам со путер. Дури и кога ги правам професионално на работа, калапите ги мачкам со путер. Немаш проблем со путерот. Повкусни се. Поздрав 😉

  5. Selma Alili

    Jas denes gi pravev, ama lavata ja nemase, iako samo 8 min pecev. Sledniot pat na 6 min ke probam, da vidam dali ke se rastece lavata. Da prasam dali 6 lazici brasno, mislite na lazici za jadenje supa? Jas taka staviv

    1. Да, под лажици подразбирам лажици за супа. Можеби 8 минути се превише за вашата рерна, пробајте да намалите на минутажа на печење. Поздрав

Остави коментар