contact@gotvimesofico.mk

23
сеп

Кус Кус со туна

Ми се пријаде нешто свежо и лесно, отварам во ормарот и гледам пакетче кус кус, одлично! Идеме!

Во тенџере ставам 200мл вода со прстохват сол, 1 лажица путер и 1 мала лажичка маслиново да провријат. Потоа додавам 200гр кус кус и мешам додека не се спои, потоа додавам ситно сецкани корнишони (2 комада), 80гр ситно сецкан домат, 4 инчуни (ситно сецкани), ½ лажичка сушена мајчина душица и ½ лажичка чили сос.fic_0800На последното мешање ја додавам туната (околу 130гр нето)

Мешам се да се спои, евентуално можете да зачините со малку сок од лимон.

Полесно јадење нема да најдете, а вкусно како да е готвено со саати! 😉

Се читаме за брзо… 😉fic_0810

Остави коментар