contact@gotvimesofico.mk

20
мај

Кус Кус Салата на Турски начин

Овој тип на тестенина е многу интересен, можете да го комбинирате со салати, како прилог на морски плодови и риба, како прилог на главни јадења, па дури и како главно јадење.

Лесен е за припрема, во тенџере ставете 250мл вода, додадете и 25мл маслиново масло или путер (ако не додадете путер, добивате посно јадење) и зачинете со 1 лажичка сол. Откако ќе зоврие водата, тргнете ја од рингла, истурете внатре 250гр кус кус и мешајте со вилушка, само треба да внимавате да не се направат грутки.

Исецкајте ситно 1 домат (извадете го семето и користете го само тврдиот дел), ½ модар патлиџан, 1 кромид и 2 чешниња лукче.FIC_0893Во тава ставете 1 лажица путер и 30мл маслиново масло. Прво додадете го кромидот и лукот, откако ќе добијат стаклест изглед, додадете го останатиот зеленчук. Сега е моментот ако сакате да додадете некоја зачинска билка. Јас додадов малку мајчина душица.FIC_0898Потоа додадете го кус кус-от и мешајте да се спои со зеленчукот. Постојано мешајте за да не ви се залепи или да не се формираат грутки. Овој тип на јадење се послужува со лимон, мене топ ми иде!FIC_0913Истава варијанта можете да ја збогатите со туна. Добивате одличен оброк!FIC_0914

 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар