contact@gotvimesofico.mk

03
окт

Крем супа од пченка

Во последно време, оваа супа е многу популарна! Посебно во “finedining” рестораните. Како идеја ја земав од многу добар ресторан во Њу Јорк и мене многу ми се допадна. Тоест можам да кажам дека моментално ми е омилена супа! :)

Многу е лесна и нема грешење!

Во мало тенџере ставете прстохват квалитетна морска сол, додадете 450гр пченка (само зрно), ако можете да најдете домашна пченка би било топ! Јас најдов на пазар и мислам дека тоа е многу битен момент во овој рецепт.

Ја варите пченката, чисто колку да проврие, потоа ја ставате во блендер и ја миксате околу 1 минута.fic_0096Ќе земете сито и ќе ја прецедите пченката, убаво ќе ја истискате за да го извадите целиот џус! 😉 Потоа додадете 25гр путер и мешајте да се растопи.

Јас ја послужив со рендан пармезан и малку црна сол!fic_0100Рецепт, авион! :)

Остави коментар