contact@gotvimesofico.mk

06
окт

Крем супа од броколи

Како заладува времето, мене мислата ми оди на супици! :)

Оваа крем супа е вистински класик и можете да ја најдете во скоро сите ресторани!

Еве ви рецепт како да си ја направите по дома!

Во тенџере ставете крошни од брокула, додадете 1 мал кромид и 1 помал компир.fic_0255Совет: за да се свари се во исто време, компирот ќе го исечете на мали коцкички, а кромидот на осмини.

Оставете ги да се разварат, додека не се свари компирот (ќе проверите со вилушка дали е добро варен компирот. Потоа се префрлате во блендер, додавате 2 коцки мраз (за да се задржи зелената боја) и блендирате додека не добиете фина смеса со свиленкаста структура. Додавате 30гр путер (по желба), сол и бибер и враќате на рингла да проврие, потоа тргате и спремни сте за сервирање.

Јас и моето семејство сме обожаватели на квалитетно маслиново масло, па така оваа супа обожаваме да ја конзумираме декорирана со квалитетно ладно цедено маслиново масло!fic_0285П.С. – ако имате пармезан, изрендајте одозгора! Топ оди! 😉

Остави коментар