contact@gotvimesofico.mk

19
авг

Кралско лиснато тесто

Го нареков кралско зошто вкусот е лудница! Се работи за рецепт кој може да биде појадок, ручек, вечера и предјадење! Лесен, вкусен и толку вкусен што не сакате да престане! :)

Исецкајте една глава кромид (со средна големина), 3 чешниња лукче, 200гр крањска кобасица. Ги ставате да се пропржат во тавче на путерче.FIC_0362Ако ве мрзи да правите домашно лиснато тесто, набавете купечко (250гр), растегнете го со сукало и поделете го на два дела. Едниот дел постелете го со рендан гауда кашкавал, па додадете ја смесата која ја пропрживте и одозгора наредете гауда кашкавал, данско плаво сирење и малку оригано. Потоа покријте го со другиот дел и затворете го како да затворате калцоне пица. Со остар нож исечете линии, меѓутоа внимавајте да не го пробиете тестото.FIC_0368Ставете го да се пече во загреана рерна на 220 степени, околу 20 минути (последните 3 минути пуштете вентилатор и намалете на 200 степени).FIC_0382Епа, пријатна лапанција! :)
FIC_0378

Остави коментар