contact@gotvimesofico.mk

12
сеп

Кошнички од пршута

Овој рецепт ќе го памтам засекогаш зошто го правев во моментот кога затресе земјотресот околу 16:00 часот! Е пред тоа се одеше вака:

Во длабока чинија измешајте спанаќ (измиен, исчистен) околу 250гр со урда 150гр, додадете сол и бибер, малку толчено семе од коријандер, 1 јајце и многу малку сол.fic_0623Во модли за мафини ставете по 2 ливчиња пршута во форма на Х. Наполнете со смесата од спанаќ и затворете со краевите што штрчат.fic_0628Загрејте ја рерната на 220 степени, ставете ја модлата со кошничките да се пече и веднаш намалете ја рерната на 180 степени, печете вака околу 15 минути, потоа зголемете на 200 степени, пуштете вентилатор и печете уште 5 минути.fic_0630Овие кошнички се одлично предјадење и мезе! Послужете ги како апетајзер на вашите најблиски и гарант ќе бидат запрепастени!

Ќе ми извините што не можам да го опишам вкусот во детали зошто на вториот залак морав да излетам од дома! Се вратив подоцна, беа ладни, но сеуште беа вкусни! Вие сервирајте ги топли, повкусни се!fic_0638Поздрав до наредно читање! 😉

Остави коментар